Диаверум е водечки глобален давател на здравствена грижа за луѓе со бубрежна болест.

Нашата работа опфаќа цела низа на активности од превентивни услуги до дијализа и пресадување, а исто така сме стручни во управувањето со третманите за други заболувања доколку постојат заедно со бубрежната болест.

Компанијата е основана во 1991 година во Шведска каде што беше отворена нашата прва клиника за дијализа под името „Gambro Healthcare“. Нашите 469 клиники сега пружаат нега во 24 земји на четири континенти, а нашите 13.500 вработени обезбедуваат шест милиони третмани за скоро 40.000 пациенти секоја година.

Овој дел од нашата интернет страница е осмислен за да ви даде повеќе информации за тоа како пристапуваме кон грижата за вас и кон вашата безбедност, обезбедувајќи највисоки медицински исходи и истовремено овозможувајќи поголема економичност што ја прави грижата подостапна.