Ние пружаме бубрежна нега која што го подобрува животот за луѓето со хронична бубрежна болест (ХББ). Нашата основна услуга е хемодијализа, но нашата стручност се протега многу подалеку.

Ние би можеле да ви помогнеме со превентивната грижа, дијализата во дијализен центар или во домот, управувањето со други здравствени состојби кои би можеле да постојат кај вас заедно со ХББ или пак да ви помогнеме да се подготвите за трансплантација.  

Нашата цел е секогаш да ви помогнеме да имате исполнет живот. Ние се истакнуваме бидејќи ви нудиме единствена вредност вам и на националните здравствени системи. Ние постепено ги трансформираме бубрежните услуги за да овозможиме највисок квалитет на грижа, истовремено намалувајќи ги трошоците. 

И како го правиме сето ова?  Преку спроведување на стандардизиран модел на грижа поткрепен со иновативни технологии кои постојано ги прегледуваме, рафинираме и подобруваме.  Ваквите пристапи не нѐ спречуваат да ве лекуваме како поединец, истовремено овозможувајќи ни доследно давање на услуги на сите пациенти во секој од нашите центри ширум светот.