По повод Светскиот ден на бубрегот 2023, Центар за дијализа ДИАВЕРУМ Куманово и Здужение на дијабетичари Куманово на 02.03.2023 во Занаетчиски дом Куманово организираа едукативна работилница на тема: “Превенција на хронична бубрежна болест кај лица со дијабетес”.

Предавач и едукатор на работилницата беше Медицинскиот директор на Диаверум Северна Македонија др.Надица Мисовска, субспецијалист нефролог.

Присутните членови на Здружението и други заинтресирани граѓани имаа можност преку слика и збор да се запознаат за бубрезите и нивната улога во организмот, најчести причини за бубрежна болест, компликации предизвикани од дијабет, дијабетична нефропатија, како може да се открие бубрежна слабост кај лица со дијебетес.

Целта на работилницата беше да дадеме придонес кон развивање на свеста кај нашите сограѓани за навремено откривање на болеста и нејзина превенција.

Во таа насока особен интерес кај присутните предизвика прашањето “ Како да ги зачувате вашите бубрези здрави ако имате Дијабет”, што се разви во преубава атмосфера на интеракција и дискусија со нашиот стручен тим.

На сите присутни им беше измерено ниво на шеќер, крвен притисок и добија совет од лекар, а добија можност и за бесплатен нефролошки преглед во Диаверум Куманово.

Не радува фактот, што нашите граѓани покажуваа особен интерес за едукативната работилница, поставија и добија одговор на многу прашања  и изразија желба да продолжиме и понатаму со нашата мисија за подигање на свеста кај граѓаните за сопственото здравје.