Наша цел е да ви обезбедиме исклучително ниво на ефикасна грижа скроена токму за вас.

Одиме во насока на непречена интеграција на нашите центри со новите технолошки пристапи, создавајќи златен стандард и обезбедување на бубрежна нега од голем обем. Ние се залагаме оваа иднина да им ја овозможиме на нашите пациенти, како и на здравствените системи ширум светот.

ДИГИТАЛНИ РЕШЕНИЈА 2020 ГОДИНА

Во Шведска и Унгарија нашите тимови за развој работат на бројни проекти за да ги донесат новите технологии во нашиот модел на пружање на нега.

Нашите дигитални решенија кои постојано еволуираат се од витално значење за да можеме да испорачаме доследна, ефикасна и висококвалитетна нега ширум светот, истовремено давајќи ви можност токму вие самите да придонесете за вашата нега и добросостојба. Нашата работа е поткрепена со следниве дигитални платформи и апликации:

D.CARE ПЛАТФОРМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БУБРЕЖНИ ИНФОРМАЦИИ

Развиен од страна на Диаверум за управување со пациентите и со центрите, нашиот систем за управување со ренални информации содржи податоци поврзани со клиничкото управување, медицинското известување, како и клиничките процеси и администрацијата. Системот претставува двигател на клиничките текови на работата и управувањето со лековите.

PGS (СИСТЕМ ЗА ФАРМАЦЕВТСКО НАСОЧУВАЊЕ)

PGS на Диаверум ги советува лекарите во однос на оптимизирање на вашите лекови врз основа на вашите медицински податоци добиени од платформата за управување со ренални информации d.CARE.

TGS (СИСТЕМ ЗА НАСОЧУВАЊЕ НА ТРЕТМАНОТ)

Нашиот систем за насочување на третманот им дава поддршка на медицинските сестри во следењето на нашиот стандардизиран пристап кон клиничкиот тек на работењето. Ова придонесува за сведување на минимум на разликите при пружањето на нега и грешките. Нашите здравствени работници имаат пристап до TGS од вашата фотелја односно од вашиот кревет преку таблет, додека пак TGS собира и дава информации во текот на целиот процес на дијализа, без користење на хартија. TGS исто така се поврзува со системот за деловно планирање на ресурсите на Диаверум кој управува со залихите и финансиските трансакции.

d.CONNECT

d.CONNECT е нашето целосно автоматизирано решение за собирање на податоци од машините за дијализа и вагите за мерење на тежина. Ова потоа се користи за обезбедување на информации за TGS.

d.ACADEMY

Ова е нашата „виртуелна“ платформа за едукација што содржи информации за вас, како и за нашите медицински сестри, лекари и деловни лидери.

d.CARE app

Развиена од Диаверум за iOS/Android, оваа апликација ви овозможува да комуницирате непосредно со нашите здравствени работници. Можете да внесете информации за вашето здравје и за квалитетот на животот, а апликацијата d.CARE пак ви дава информации поврзани со вашиот третман. Ова е еден од неколкуте начини на кои ве поттикнуваме активно да соработувате со нас и активно да учествувате во негата која што ја добивате и во вашата добросостојба.

apple_appstore.png Google_Play.png