Услови за користење 

Прифаќање 

Вашиот пристап до и користење на интернет страницата: www.Diaverum.com („Страницата“) се предмет на овие услови за користење, како и на сите важечки закони и прописи. Со пристапувањето до и разгледувањето на страницата, вие ги прифаќање, без ограничување односно без квалификации, условите за користење и признавате дека овие услови за користење го сочинуваат единствениот договор помеѓу вас и Диаверум АБ, регистерски бр. 559140-5344 и сите негови подружници („Диаверум“) во врска со користењето на страницата. Вие го застапувате ставот дека не сте ги прифатиле овие услови за користење врз основа на било какви усни или писмени претставувања направени од страна на Диаверум кои не се содржани тука. 

Диаверум го задржува правото да ги измени овие услови за користење од време на време без известување. Датумот на најновите измени е наведен на крајот на овие услови за користење. Ваша одговорност е да ја проверувате страницата од време на време за да ги видите најновите информации. Меѓутоа, Диаверум може, по свое видување, од време на време, со известување за ваши потреби, да ве информира за материјални промени на условите за користење. Вашето користење на страницата по спроведувањето на таквите промени значи дека сте ги примиле на знаење и сте ги прифатиле ваквите промени. Ако не се согласувате со овие услови за користење ве молиме не ја користете страницата. 

Користење на страницата 

Освен ако не е изречно поинаку наведено на нашата страница, сета интелектуална сопственост, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на слики, илустрации, икони, фотографии, технологии, документи, софтвер и услуги кои се дел од страницата претставува интелектуална сопственост во сопственост на, под контрола на односно лиценцирана на Диаверум односно неговите поврзани субјекти. Освен со изречно овластување од Диаверум, не смеете да менувате, копирате, репродуцирате, објавувате, емитувате, дистрибуирате, продавате, лиценцирате, изнајмувате, јавно да ги прикажувате односно изведувате, уредувате односно да прилагодувате било кој дел од интелектуалната сопственост. 

Без оглед на претходно споменатото, можете да печатите односно да симнувате интелектуална сопственост од страницата исклучиво за лична и некомерцијална употреба, под услов да не ги објавувате односно дистрибуирате таквите материјали на било кој начин и да не ги нарушувате известувањата за авторски права, трговски марки и сл. Диаверум ниту гарантира ниту го застапува ставот дека вашето користење на интелектуална сопственост прикажана на страницата нема да ги прекрши правата на трети лица кои не се во сопственост на односно не се поврзани со Диаверум. 

Користењето на интелектуалната сопственост од страницата за било какви потреби односно на било кој начин кој не е изречно дозволен во овие услови за користење односно на изречно дозволен од страна на Диаверум на друг начин, се забранува. 
Диаверум очекува од вас да го почитувате интегритетот на страницата и вам, на пример, не ви е дозволено да (i) воведувате злонамерни содржини како што се малвер, Тројански коњи односно вируси или содржини кои на друг начин би го попречиле функционирањето на страницата, (ii) вештачки да ја манипулирате страницата со користење на скрипти, ботови, плагини, екстензии односно други автоматизирани процеси, (iii) да го попречувате работењето на страницата со тоа што ќе се занимавате со, ќе се обидувате да ја испитате односно тестирате ранливоста на страницата или (iv) ја користите страницата на начин спротивен на овие услови за користење. 

Медицински информации/услови 

Информациите за производите се дадени на страницата од страна на Диаверум и се наменети исклучиво за информативни цели. Според тоа, таквите информации не треба да се сметаат како медицински односно друг вид на стручен совет. Многу од наведените лекови и медицински помагала се достапни само со рецепт од лекар односно  квалификуван здравствен работник и не сите такви производи се достапни во сите земји. Доколку имате некакво здравствено заболување, веднаш консултирајте се со вашиот лекар односно давател на здравствени услуги, бидејќи Диаверум не дава лични медицински дијагнози односно совети за третман кои се однесуваат на конкретни пациенти. Здравствените работници можат да добијат целосни медицински информации од информативниот леток на производот. Информациите за производите може да варираат во зависност од земјата. Пациентите, лекарите и другите здравствени работници треба да ги проверат информациите соодветни за нивната земја во локалните медицински ресурси и регулаторните власти. Освен тоа, важечките регулативи во многу земји ја ограничуваат (а дури и ја забрануваат во некои случаи) можноста на Диаверум да обезбеди информации и/или да одговори директно на прашањата на пациентите во врска со нашите производи на рецепт. Сепак, Диаверум ќе одговори на прашања од и ќе даде информации на вашиот квалификуван здравствен работник во согласност со локалните регулативи. 

Ограничување 

Сета интелектуална сопственост, информациите и услугите дадени на страницата се дадени онакви какви што се, без било какви претставувања или гаранции, било изречни или имплицирани, од било кој вид, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на гаранции за навременост, точност, целосност, можност за тргување, соодветност за конкретна цел односно не повредување на правата на интелектуална сопственост. 

Иако Диаверум прави разумни напори за да обезбеди дека информациите на страницата се точни и ажурни, сепак информациите може да не се ажурирани, да содржат технички грешки односно печатни грешки. Диаверум го задржува правото да врши ажурирање, измени, корекции и/или подобрувања на интелектуалната сопственост, информациите и услугите на страницата, како и на опишаните производи и програми, во било кое време и без известување на страницата. 

Ограничување на одговорноста 

Во никој случај Диаверум, неговите директори, вработени односно соработници нема да бидат одговорни за било какви штети произлезени од користењето, неможноста за користење односно од резултатите од користењето на страницата, било кои страници поврзани со страницата односно интелектуалната сопственост, информациите односно услугите содржани на било која односно на сите такви страници, било врз основа на гаранција, договор, прекршок или било која друга правна теорија и без оглед дали постоело знаење за можноста за настанување на таквите штети. Доколку користењето на интелектуалната сопственост, информациите или услугите од оваа страница доведе до потреба за сервисирање, поправка или корекција на опрема или на податоци, тогаш вие ги поднесувате сите трошоци за тоа. 

Информации кои ни ги давате нас 

Без оглед на нашата Политика за приватност целокупната комуникација или интелектуална сопственост која ја пренесувате на страницата преку електронска пошта или на друг начин, вклучувајќи ги тука и сите податоци, прашања, коментари, предлози и слично се и ќе се сметаат за недоверливи и незаштитени. Сѐ што ќе пренесете односно ќе постапите станува сопственост на Диаверум односно субјектите поврзани со Диаверум и може да се користи за било какви цели, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на репродукција, обелоденување, пренесување, објавување, емитување и поставување. Освен тоа, Диаверум може слободно да ги користи, без никаков надоместок кон вас, сите идеи, концепти, умеења односно техники содржани во сите комуникации испратени со страницата за било која цел, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на развивање, произведување и рекламирање на производи со користење на такви информации. 

Не побарување 

Ниту една од информациите дадени на страницата нема намера да бара продажба во било која надлежност каде што Диаверум сѐ уште не води бизнис директно или преку овластен агент, односно не претставува побарување на односно промоција на било кој производ, кој што не е одобрен за побарување односно промоција во земјата каде што читателот живее. 

Линкови од други интернет страници на нашата страница 

Диаверум не ги прегледува интернет страниците на трети субјекти, кои имаат линкови до страницата и не е одговорен за содржините на таквите надворешни страници. Доколку сакате да ја поврзете вашата интернет страница со Диаверум, можете да се поврзете само со нашата домашна страница, www.diaverum.com. Не може да се поврзете со ниту една друга страница без претходна писмена согласност од Диаверум. Ако се поврзете со Диаверум, се согласувате да го претставите линкот на начин кој не оддава впечаток дека Диаверум поддржува, било изречно или имплицитно, производи, услуги односно мислења дадени на вашата интернет страница. Цитирањето или користењето на еден или повеќе делови од нашата интернет страница на интернет страниците на трети лица без писмена согласност, е исто така забрането. 

Линкови од нашата страница до други интернет страници 

Линкови од нашата страница до други интернет страници кои не се во сопственост односно со кои не управува Диаверум може да бидат дадени поради интересот односно за потребите на посетителите на нашата интернет страница. Сепак, откако ќе ги искористите овие линкови за да ја напуштите нашата интернет страница, треба да имате предвид дека Диаверум нема контрола над другите интернет страници. Според тоа, користењето на таквите интернет страници не регулирано во нашите услови за користење и политиката за приватност, туку е регулирани според политиките на таквите интернет страници. Линк на  Диаверум до друга интернет страница не претставува поддржување, спонзорство на или поврзаност со третиот субјект односно со содржината на поврзаната интернет страница. Диаверум не прифаќа никаква одговорност за линковите од Диаверум до други и, особено, Диаверум не е одговорен за точноста односно законитоста на нивните содржини. Диаверум не прифаќа одговорност која произлегува од прекршувањето на односно пропустите во политиките за приватност на трети лица. 

Поставувања на страницата 

Диаверум може да одлучи да им овозможи на посетителите на страницата да учествуваат во дискусии, разговори, преноси, огласни табли и слични такви форуми на страницата. Забрането ви е да поставувате односно пренесувате било какви навредливи, штетни, неточни односно на друг начин несоодветни содржини ( „Забранети содржини“) во таквите форуми. Диаверум не може да врши следење односно да ги контролира информациите и содржините поставени од посетителите на таквите форуми и не презема одговорност за било какви забранети содржини кои посетителите ги поставиле на страницата. Сепак, Диаверум се стреми да ги симне сите такви забранети содржини од страницата за кои Диаверум е известен, што е можно побрзо. Од таа причина, Диаверум ве поттикнува да ни ги пријавите сите содржини на страницата кои што се незаконски, навредливи, претставуваат злоупотреба или пак кои на друг начин не се во согласност со овие услови за користење. Диаверум исто така целосно ќе соработува со сите органи за спроведување на законот односно судски налози со кои се бара односно му се наредува на Диаверум да го обелодени идентитетот на било кое лице кое поставило било каква забранета содржина. 

Последици 

Доколку Диаверум дознае дека сте прекршиле некој од условите содржани во овие услови за користење, тогаш Диаверум може веднаш да преземе корективни мерки, вклучувајќи и да ве спречи понатаму да ги користите услугите на Диаверум и да ги отстрани сите содржини кои вие сте ги поставиле на страницата, во било кое време и без известување. Доколку Диаверум е оштетен поради вашиот престап, тогаш Диаверум може, исклучиво по свое согледување, да бара отштета од вас. 

Прашања или коментари 

Ако имате било какви прашања или коментари во врска со овие услови за користење на страницата, ве молиме обратете ни се на  
Диаверум АБ 
Организациски број на компанијата 559140-5344, 
Hyllie Boulevard 53 
215 37 Малме 
Шведска 
Телефон: +46 46 287 30 00 

Откажување и салваторска клаузула 

Сите одредби, оградувања и ограничувања на одговорноста во овие услови за користење се применуваат до најголемиот можен степен дозволен според важечките закони. Вашата надлежност може да не дозволува одредени ограничувања на гаранциите или одредени ограничувања на одговорноста и, како резултат од тоа, одредени делови од условите за користење (вклучувајќи го тука и делот „Ограничување на одговорноста) може да не важат за вас. Ништо од овие услови за користење нема намера да ограничува било какви права кои што ги имате и кои што не можат да бидат законски ограничени. 

Неспроведувањето на било кој дел од овие услови за користење од страна на Диаверум, нема да се смета за откажување од таквите права. 

Доколку некои одредби од овие услови за користење се сметаат за незаконски, неважечки односно не можат да се спроведат, таквите одредби нема да предизвикаат преостанатите одредби од овие услови за користење да бидат неважечки односно да не можат да се спроведат и таквите преостанати одредби ќе останат на сила и целосно ќе се применуваат, а примената на тие одредби ќе се спроведува најголемиот може степен согласно со законите. 

Важечко право и надлежност 

Освен ако поинаку не е побарано согласно со задолжителен закон на вашата надлежност, овие услови за користење се предмет на законите на Шведска, без оглед на принципите за избор на односно спротивставеност на правото и вие и Диаверум се согласувате дека исклучива надлежност имаат судовите во Шведска за разрешување на било какви спорови, побарувања или контроверзии кои произлегуваат во врска со овие услови за користење. 

Датум на најновите измени: 
2020-04-06