"Ова е тим од здравствени работници кои сакаат да направат разлика. Ние сме глобална организација и нашите вработени ја донесуваат својата компетентност, страст и инспирација да ги развиваат своите кариери со нас додека растеме и ние. Ние инвестираме во разновидна, ангажирана организација која учи со заедничка култура на вистинска грижа"

Топла и пријателска атмосфера 

Според зборовите на еден пациент:  „Во мојата клиника станавме семејство во текот на изминатите 11 години, понекогаш дури и заборавам дека имам ХББ, би сакал да се заблагодарам на сите исклучителни медицински сестри за можноста да бидам лекуван тука.“  

Нашиот фокус се луѓето, нашите пациенти, но исто така и нашите вработени. Сакаме да осигуриме дека сите наши пациенти и колеги ќе ги поминат деновите во Диаверум во топла и пријателска атмосфера. 

DSC01185f.JPG

Луѓе кои имаат моќ 

Потенцијалот за иновација и креативност живее во сите нас. Културата на нашата компанија поттикнува давање на моќ, а ние им ја даваме на нашите вработени можноста да им се слушне мислењето преку нашата годишна анкета за работењето.  Исто така одржуваме редовни тимски состаноци и во нашите клиники ги имаме воведено принципите на Кајзен, опишани како „промена кон подобро“ и „постојано подобрување“. Успешна кариера во Диаверум може да искова секој вработен кој ќе ги прифати ваквите концепти и има елан за да успее. 

Отворена комуникација 

Ние се гордееме со тоа што ги охрабруваме сите вработени да го искажат своето мислење. Заедно со нашите анкети за работењето, тимските состаноци и годишниот процес на оценување, нашата политика на отворени врати и плитката хиерархија им нудат на вработените на сите нивоа можност за соработка со водачите на организацијата.  

Постојано подобрување 

Ние ги слушаме нашите вработени а секако и нашите пациенти. Имаме структуриран пристап во однос на постапувањето по коментарите дадени во анкетите за работењето и за задоволството на пациентите и секаде каде што е тоа можно, ги спроведуваме нивните идеи за подобрување. 

И за да обезбедиме дека навистина за себе ги поставуваме највисоките стандарди, исто така бараме и насоки однадвор за подобрување на квалитетот. Спроведуваме програма за сертификација според стандардот ИСО и спроведуваме истражувања насочени кон пациентите за да осигуриме дека нашите третмани се во согласност со најновите случувања во бубрежната нега. Им нудиме на вработените и на пациентите пристап до нашата екстензивна база на знаење преку нашата програма за стручно усовршување „d.ACADEMY“.