Јас сум Маја Ќулибрк-Неделковска, доктор на медицина во Диаверум од 2018 година, односно со започнување со работа на Диаверум во Северна Македонија. 

Се надевам дека со мојата животна приказна ќе успеам да ги инспирирам они што се осмелуваат да сонуваат, и ќе бидат водени од пример дека ништо на светот не е недостижно и невозможно доколку веруваш во себе.  

Желбата да бидам здравствен работник беше искрена и голема, моето средно медицинско образование го започнав и завршив во МУЦ Др. “Панче Караѓозов“ каде ги научив основите на медицината, ги совладав успешно потребните пракси и тренинзи и станав медицинска сестра. Образованието го продолжив на Медицинскиот факултет во Скопје. На мојата 21 година основав семејство и одреден период паралелно се посветив и на уште една важна улога-улогата на мајка. Додека студирав на Медицинскиот факултет, започнав да работам како медицинска сестра на дијализа на Државната Универзитетска  Клиника за Нефрологија каде се трудев да учам нешто ново секој ден, учејќи од најдобрите. Со голема пожртвуваност и поддршка од семејството, успеав да ги завршам студиите додека паралелно бев вработена со цело работно време во клиниката, и со цело работно време мајка на две деца. По завршување на медицинските студии, се оствари мојот најголем живот сон, започнав со работа како доктор и тоа во најголемиот дијализен центар на територијата на Македонија. По три години работа во центарот, доказ за посветеноста во работата беше добиената понудата за специјализација по Нефрологија. Моментално сум 5-та година на специјализација по Нефрологија и неуморно продлжувам напред да го следам патот на прогрес кон нови квалификации, искуства и пракса. Исто така, своите работни обврски активно ги остварувам во центарот за дијализа Диаверум Визбегово, додека сум одговорен доктор на центарот за дијализа Крива Паланка. Од неодамна сум назначена за Национален координатор за васкуларни пристапи и ќе учествувам на едукација за ехо-доплер на АВ фистули на Државната Универзитетска  Клиника за Нефрологија. Како член на Диаверум тимот продолжувам понатаму со главното мото: Грижа, вистинска грижа!    

Предизвикот е голем, да се има разбирање за физичката и психичката болка на пациентите на дијализа, да се направи се за да се подобри нивниот живот и благосостојба. Континуираната едукација на докторите и сестрите е движечка сила на Диаверум.

Најнови вести

Дигитализација

Диаверум откритие – Вештачка интелегенција за превенција од тромбоза на васкуларните пристапи

Дигитализација

Систем за човечки ресурси проект на годината 2021 година - финалист

COVID-19

Спротивставување на Ковид-19 преку вакцинација