Јас работев како медицинска сестра во Филипини пред да дојдам во Англија, со студентска виза, за да добијам квалификација за медицинска сестра во ОК во 2010 година.

Дипломирав за медицинска сестра на универзитетот на Хартфордшир во 2012 година, а истовремено работев и како негувател во дом за стари лица и лица на кои што им е потребна помош. 

Работев во дејноста пружање на нега околу 5 години. Во 2015 година се пријавив на оглас на Диаверум за помошник во здравствена заштита, а врз основа на моето искуство како медицинска сестра ми беше понудена позицијата помошник за дијализа. Иако бев среќна како помошник за дијализа, во себе сепак копнеев да работам како полноправна медицинска сестра. Сепак, поради строгите насоки кои во тоа време беа поставени од страна на Советот за медицински сестри и акушерки на ОК за медицинските сестри кои своето образование го стекнале во странство, сѐ уште не можев да ја остварам мојот стремеж да станам медицинска сестра во ОК. До кога...? Немав претстава! 

Во 2017 година се јави мала надеж, кога советот за медицински сестри и акушерки воведе нови насоки за медицински сестри од странство. Сепак, бев резервирана. За среќа, моите поискусни колеги одвоија време да ги дискутираат разните можности со мене, вклучувајќи и како Диаверум би ме поддржал доколку одлучам да се пријавам. Со тоа знаење, го започнав процесот на исполнување на сите барања на советот за медицински сестри и акушерки и покрај преоптовареноста и хаотичното работење како мајка на две деца. Со задоволство можам да кажам дека бев успешна во сите проценки. 

Откако ги положив овие првични испити, се соочив со најлошите месеци од мојот живот со борби на здравствен и на домашен план, финансиски предизвици и проблеми со имиграцијата. Имаше проблеми и пречки насекаде каде што ќе се завртев, што на крајот доведе до тоа да го напуштам ОК и да се вратам во Филипини. Тоа беше мрачен период, но мојата верба во Бог ја одржа надежта во живот додека го чекав моето чудо. 

Во ноември 2018 година, добив ‚писмо со одлука’ од советот за медицински сестри и акушерки, со што стана можно Диаверум да го поддржи моето враќање во ОК. Ова означи нов почеток за моите деца и за мене. По моето враќање, се подготвив за и ја положив последната фаза од квалификациските испити на советот за медицински сестри и акушерки и успешно се стекнав со ПИН од НМЦ, со што беше потврдена мојата квалификација да работам како медицинска сестра во ОК. 

Требаше долго време за да ми тргне кариерата, но јас силно верувам дека сѐ се случува во свое време. Никогаш не сум била олку возбудена за работа. Тоа е одлично чувство. Мојот сон да работам како медицинска сестра во ОК се оствари. 

Работев напорно за сѐ што сум постигнала, но ништо од ова немаше да биде можно без исклучителната помош и поддршка од следниве луѓе: 

Прво и пред сѐ, благодарна сум на Диаверум за нивната доверба и верба во мене и за целата поддршка во процесот на моето враќање во ОК. На моите раководители во клиниката Истборн: Ви благодарам што верувавте во мене и што цело време ми помагавте. На моите пријатели и колеги, големо благодарам за зборовите на инспирација и за тоа што бевте моето семејство во ОК. 

На човекот кој виде убавина и надеж во мене за време на мојот најмрачен период, maraming salamat [„благодарам многу“]. И што е најважно, благодарам на моето семејство, особено на моите деца, што ме одржаа жива и разумна. Сето ова не можев сама да го постигнам. 

На сите оние квалификувани во своите земји и кои сѐ уште имаат желба да работат како медицински сестри на друго место односно да ги следат своите тајни соништа, можам да потврдам дека никогаш не е доцна за тоа. Сѐ е можно. Исполнете ја својата цел. Најдолгиот пат почнува со еден чекор. Направете го тој чекор. 

Најнови вести

Дигитализација

Диаверум откритие – Вештачка интелегенција за превенција од тромбоза на васкуларните пристапи

Дигитализација

Систем за човечки ресурси проект на годината 2021 година - финалист

COVID-19

Спротивставување на Ковид-19 преку вакцинација