Вашите бубрези се витални органи кои што ја филтрираат и ја прочистуваат вашата крв и го балансираат нивото на сол и вода во вашето тело.

Кога сте здрави, овој постојан процес на филтрирање и чистење незабележливо се одвива во вашето тело, но вашите бубрези може да затајат од многу причини, привремено или засекогаш. Нема двајца пациенти со потполно ист модел на болеста, а некои имаат и други состојби, како и проблеми со бубрезите.

Хроничната бубрежна болест (ХББ) претставува трајно оштетување на бубрезите кое може да се влошува со текот на времето и на крај да доведе до бубрежна слабост.Нашата мисија во Диаверум е да ви помогнеме да живеете што е можно понормално и покрај вашата дијагноза. Исто така посветуваме голем дел од нашата работа да им помогнеме на луѓето да ја разберат бубрежната функција,како најдобро се спречува болеста, како се лекува и како да се живее со неа ако се појави.

На кој начин и да ви помагаме, никогаш не забораваме дека вие, како поединец, сте во центарот на нашата работа. Нудиме сеопфатна медицинска нега на едно место, обезбедувајќи не само најдобро индивидуализирано лекување на вашите проблеми со бубрезите туку и лекување на други состојби што може да ги имате. Може да ви дадеме поддршка и преку подготовка за трансплантација и грижа после трансплантација на бубрег. На овие начини имаме за цел да ви помогнеме да живеете колку што е можно понормално и да го забавиме напредокот на вашата бубрежна болест.

Поврзани содржини

За бубрезите
Главните задачи на бубрезите се да ги филтрираат отпадните супстанции и да го балансираат нивото на соли и вода во вашето тело.
Бубрежна слабост
Двe од најчестите причини за појава на бубрежна слабост се дијабетесот и високиот крвен притисок.
Можете ли да ја спречите хроничната бубрежна болест?
Хроничната бубрежна болест е тешко нарушување кое што сé почесто се јавува низ целиот свет.