Иако секој не е погоден да може да му се изврши трансплантација на бубрег кај тие пациенти што се погодни таа може да овозможи понормален живот во однос на секојдневните нарушувања што ги наметнува дијализата.

Ако имате дијабет од типот 1 како и бубрежна слабост, можно е да може да ви се пресадат и панкреас и бубрег за да се обнови бубрежната функција и да се излекува вашиот дијабет. Вашиот лекар ќе процени дали комбинирана трансплантација на бубрег и панкреас би била соодветна за вас. 
 

Дали трансплантацијата на бубрег е вистинска за мене? 
Трансплантацијата не е соодветна за секој со бубрежна слабост. Може да имате други здравствени состојби што ја прават трансплантацијата премногу комплицирана или ризична. Треба да ви биде даден бубрег кој што колку што е можно повеќе одговара на разните карактеристики на вашето тело за да се максимизира долгорочниот успех на вашата трансплантација. Генерално, трансплантацијата од жив донатор кој е во роднинска врска со вас дава најдобри резултати. 

Како и кај повеќето медицински процедури, постојат ризици поврзани со трансплантацијата и ќе треба да ви се направат многу тестови за да се види дали ова е соодветна опција за вас. Тоа ќе опфати проучување како на карактеристиките на вашиот имунолошки систем така и на вашето општо физичко здравје. 

Ако трансплантацијата е добра опција за вас, вашиот медицински тим и други специјалисти ќе ви помогнат да ги разберете деталите. Може да ви биде од помош и да разговарате со некого кој веќе имал трансплантација, вашиот медицински тим може да ви го организира тоа. 

Додека сте на листата на чекање за трансплантација ќе треба да следите строги правила околу режимот на исхрана, лековите и општиот начин на живот. Исто така ќе имате и поголем ризик од инфекции и други болести.  

Дали ќе има бубрег за мене? 
Бубрезите за трансплантација можат да дојдат од луѓе што умреле или од живи донатори што се во роднинска врска со вас или од други лица како што се партнери или пријатели. Во некои земји може да дојдат и од непознати донатори што сакаат да направат алтруистички гест.  

Постои недостиг на органи за трансплантација и може да треба да чекате со месеци или дури и со години за да добиете трансплантација. Вашиот медицински тим ќе ви ги даде сите потребни информации за прописите и за листите на чекање каде што живеете. 

Дали трансплантацијата е голема операција? 

Да, трансплантацијата е значајна операција. Обично може да треба да останете во болница 4-7 дена. По операцијата ќе треба да земате лекови во остатокот од својот живот за да спречите отфрлање на новиот бубрег. Ќе бидете и внимателно следени од вашиот медицински тим со кој редовно ќе се гледате за прегледи и тестови.