Др. Елеонора Грозданова ја започнува својата успешна приказна со нејзиното прво работно искуство како доктор на медицина, со отварање на првиот државен дијализен центар во Кочани во 2005 години, потоа во 2014 година преминува во првиот приватен дијализен центар во Кочани и со аквицизијата на Диаверум, станува одговорен доктор на Диаверум Кочани. Како што кажува др.Елеонора „Вкупно 18 години поминати во ова професија, што за мене не е воопшто малку, кажува колкаво значење има за мене, бидејќи дијализата ја засакав уште од самиот почеток.“ Изминатите 6 години, додека успешно го раководи Диаверум Кочани и остваруваат извонредни медицински резултати, успешно ја завршува 6 годишната специјализација по интерна медицина и се стекнува со титутала доктор специјалист на интерна медицина. Според др.Еленора иако периодот од 6 години носи низа предизвици, инспирацијата која што ја охрабрува да се осмели да сонува, страста во која искри ентузијазам и огромната желба да ја постигне целта, на крајот резултира со успех.

Др. Татјана Ќосевска, своето прво работно искуство го започнува во приватен дијализен центар во Штип во 2016 година, и потоа во 2018 година продолжува со работа во Диаверум Штип како доктор на дијализа и во 2021 година е унапредена во одговорен доктор на Диаверум Штип. Во 2017 година ја добива понудата за спонзорирана специјализација по интерна медицина која што со задоволство ја прифаќа и денес компетентно ја носи титуталата доктор специјалист на интерна медицина. Др. Татјана вели „ Се надевам дека ќе бидеме инспирација за нашите сегашни и идни колеги, и ги охрабрувам да ја прифатат секоја можност која што ја нуди Диаверум со која во иднина ќе го усовршат своето знаење и искуство со што ќе овозможат исполнет живот на нашите пациенти“.