Бидејќи даваме бубрежна нега која што го подобрува животот, се стремиме да ги исполниме нашите обврски кон општеството и кон животната средина, истовремено поставувајќи ве вас, нашите пациенти во центарот на сето она што го работиме.

Нашата заложба кон вас

Луѓето со ХББ често пати имаат сложени потреби и други заболувања како што се дијабет и кардиоваскуларни заболувања. Доколку редовно ги посетувате нашите центри за дијализа, можеби повеќе ги гледате нашите медицински сестри отколку своето семејство и пријателите. Согледуваме дека може да бидете изолирани од општеството поради барањата на вашата грижа и поради тоа имаме за цел да го направиме овој суштински аспект од вашиот живот колку што е можно попријатен со давање на приоритет на сочувствувањето и човечкиот допир.  

Исто така ве поттикнуваме да учествувате во одлуките за вашето лекување и секако, доколку сметате дека можете, ќе соработуваме со вас да ви помогнеме да научите да спроведувате дел од аспектите на вашата грижа. Со вакви пристапи ги подобруваме медицинските исходи, ги намалуваме стапките на смртност и го намалуваме бројот на денови поминати во болница. Сите овие работи може да придонесат да се намали товарот врз здравствената заштита и на тој начин да се обезбеди дека и други на кои што им е потребна помош ќе можат непречено да ја добијат.

Нашата заложба за земјите во развој и новите пазари

Во многу земји во развој, пациентите со ХББ умираат поради немање на пристап до делотворно лекување. Сакаме да донесеме висококвалитетна бубрежна нега до пациенти кои што живеат во земји каде што досега ја немало. Нашиот ригорозен процес за влегување на пазарот обезбедува дека ние работиме онаму каде што можеме да бидеме сигурни дека локалните практики ќе ни овозможат да ги одржиме своите стандарди. Работиме со локалните здравствени власти при дефинирањето на нивните национални бубрежни стратегии, што овозможува нови парадигми на грижа.  

Кога влегуваме во нова земја односно кога преземаме нова клиника/центар, знаеме дека мора да ги донесеме највисоките стандарди на грижа за подобрување на исходите на пациентите. За  да се осигуриме дека ќе ги исполниме своите стандарди, спроведуваме контроли пред интеграцијата, ги оценуваме резултатите по првите сто дена и потоа по една година. И секогаш гледаме подобрувања во стандардот на нега и искуството на пациентите во нашите клиники.  

Со ваквиот пристап, ние сме двигател на иновирањето на грижата а со развивањето на нови технологии значително можеме да ги подобриме медицинските исходи и да го трансформираме нашиот сектор. Сме револуционализирале клиники преку автоматизирање на процесот на собирање на податоци и со сведување на човечките грешки при изготвувањето на извештаи, на најмала можна мерка, со што сме ја подобриле стандардизацијата, сме ја осигуриле безбедноста на пациентите и сме го намалиле влијанието врз животната средина. Сето ова доведува до тоа да бидеме уверени дека нашата „програма дигитален близнак“ ќе го промени пристапот до грижата и на крајот ќе им овозможи на нашите специјалисти да ги обезбедуваат основите на третманот со дијализа на оддалечени локации. Нашата визија е свет каде што вештиот лекар за бубрези во Шведска или Португалија може да ги поддржи медицинските сестри кои што пружаат нега во централна Африка.

Штедење на вода и енергија

Чистата вода е од круцијално значење за безбедното спроведување на дијализата и понатаму бараме нови начини да го минимизираме нашето влијание без компромитирање на нашите стандарди односно без да ги изложиме нашите пациенти на ризик. Активно соработуваме со производители на дијализни единици со цел намалување на потрошувачката на вода и енергија како и стандардизирање на изградбата на клиниките за да се обезбеди што е можно помало користење на вода.  

Постојано ги преоценуваме нашите цели за одржливост. Во сето ова се издвојува една тема: грижа. Ние секогаш ја ставаме грижата за вас, општеството и нашата околина, во срцето на нашата работа. 

посетете Диаверум Глобал