Дијализата не значи дека не можете да патувате на одмор, да го посетите семејството и пријателите или поради работа, но претставува одреден предизвик.

Ќе треба да имате пристап до специјалистичка опрема, може да треба да работите со обучени здравствени работници и обично ќе треба да имате чести посети на болница или центар за дијализа.



Бидејќи мора да се гарантира добра здравствена нега, ја направивме програмата „ d.HOLIDAY“. Таа им овозможува на пациентите на дијализа да добијат лесен пристап до дијализа во Диаверум во градови или земји каде што не живеат.

Со над 400 клиники на Диаверум низ целиот свет, имате многу локации да изберете и може да патувате сигурни дека ќе добиете квалитетна и персонализирана дијализа во вашата дестинација.

Овде можете да ги видите клиниките.

Најдете го и закажете го Вашиот третман насекаде

Без оглед на типот на одмор што го планирате, нашите клиники се присутни на стотици локации, во 24 земји во светот.

Посетете ја веб-страната за d.HOLIDAY за да откриете повеќе!

Нашиот бренд амбасадор, пациентот на дијализа Филипе,

ги опишува своите искуства од патувањата со Диаверум.

Прочитај повеќе