Хроничната бубрежна болест е сé почеста низ целиот свет: пет до десет проценти од сите возрасни страдаат од некаква форма на бубрежна болест што може да води кон бубрежна слабост.

Од витално значење е секогаш кога е можно да се спречи бубрежната болест и оштетувањата на бубрезите. Ако веќе имате некаква форма на проблеми со бубрезите, следните совети се многу важни, но тие важат и ако имате здрави бубрези и сакате да останат такви:  

  1. Престанете или не почнувајте со пушење
  2. Редовно вежбајте и одржувајте здрава телесна тежина
  3. Избегнувајте внесување на премногу сол       
  4. Бидете свесни дека некои лекови (лекови што ви ги даваат лекарите) може да ги оштетат бубрезите  
  5. Ако имате дијабет или висок крвен притисок, редовно правете контроли на вашата бубрежна функција  
  6. Немојте да пиете премногу алкохол  
  7. Немојте да злоупотребувате дроги  
  8. Редовно проверувајте го нивото на вашиот крвен притисок и на шеќерот во крвта, особено ако ви биле покачени.